Српската пејачка Радмила Манојловиќ која во јавноста е позната по својата долга коса, се реши да го промени имиџот.
Долгата коса која долг период беше нејзин заштитен знак, пејачката реши да ја скрати и да ја офарба во бакарна боја. Рада вели дека во сезоната која претстои оваа боја и форма на коса ќе биде вистински хит.
Но обожавателите не мислат така. Во коментарите под фотографијата тие напишале дека пејачката најверојатно се одлучила на ваков потег затоа што нема среќа во љубовта.
Деновиве во медиумите се појави информација во која вели дека Рада и нејзиното момче Харис Берковиќ ги нарушиле односите. Харис сака да се преселат заедно во неговиот роден крај во Босна и Херцеговина, но Рада инсистира да останат во Белград.