Познатата руска манекенка Екатерина Стецук за прв пат во јавноста зборуваше за моментот за обид за убиство кој бил извршен над неа.
Пакистанецот кој бил познат локален продуцент претходно договорил да се најдат во хотелска соба,во Дубаи каде се обидел да ја силува, а потоа и убие. Екатерина вели дека во тој момент се спасила благодарение на тоа што гола скокнала од прозорот на шести кат и паднала на тенда.
Во емисијата „Директна линија“ на државната телевизија, таа детално ги опишала страшните моменти. Со продуцентот требало да ги средат обврските кои претходно таа ги имала договорено со модната агенција за настап на модна ревија во Обединетите Арапски Емирати. Разговорот многу брзо минал во сосема поинаков тек.
„Почна сексуално да ме вознемирува. Се обидов да го спречам, а тој полуде од бес. Побеганав во ходникот, а тој ме фати за коса и ме врати во собата. Се обиде да ми се закани со нож и почна да ме дави“, изјави Катја.
„Се уплашив дека ќе ме убие, а откако успеав да му побегнам скокнав низ прозор. Преживеав благодарение на тоа што паднав на тенда“, вели Катја.
Итната помош веднаш реагирала и Катја завршила во болница. И биле утврдени повеќекратни повреди на рбетот. Таа сеуште се опоравува од тешките повреди и операциите.
Човекот кој се обидел да ја силува е со поинаква приказна. Тој сведочел дека таа се обидела да го убие него.
„Полицијата ме извлече од болничкиот кревет на сила. Тогаш можев да ги поместам само прстите и вратот. Ме ставија во количка, а ми го земаа мобилниот телефон и ме однесоа во затовр“, раскажува Катја и додава дека обвинението дека таа се обидела да го убие продуцентот е чиста лага.
„Тоа е лага. Тоа е муслиманска земја. Таму законот ги штити мажите“, додава Катја.
Манекенката признава дека целиот ангажман во Доха е чиста глупост и лудост и дека самата е одговорна што се впуштила во таква авантура.