Ролат со тиквички и шунка

Потребни состојки:

За ролната

500 грама рендани тиквички
6 јајца
200 грама рендана моцарела или кашкавал
копар
сол
1 лажица маслиново масло

За филот

250гр крем сирење
100гр рендано сирење
200гр шунка

Начин на подготовка:

Прво изрендајте ги тиквичките и ставете ги да се исцедат. Изматете ги јајцата и додајте ги тиквичките, моцарелата (кашкавалот) и зачинете со сол и иситнет копар. Во правоаголна тава послана со хартија за печење и малку намачкана со маслиново масло истурете ја смесата и распоредете ја рамномерно. Печете 25 минути во загреана рерна на 200 степени. Испечената кора додека е топла завиткајте ја во ролна заедно со хартијата и оставете ја да се излади. Остинатата кора раширете ја и премачкајте ја со крем сирењето. Врз тоа изрендајте кашкавал и шунка. Повторно завиткајте ја во ролат. Оставете да се олади добро во фрижидер, па послужете го.

Scroll to Top