Глумецот Овен Вилсон ќе стане татко третпат, пишуваат светските медиуми. Тој и неговата девојка Верони Вонгсвиртс, со која е во врска пет години, ќе добијат ќерка. Според медиумите, тие веќе избрале име за детето, а ќерката ќе ја крстат Лајла.
49-годишниот глумец веќе има два сина од две различни жени.
Овен Вилсон е брат на холивудскиот глумец Лук Вилсон. Глумел во филмовите „Зулендер“, Уништувачи на свадби“, „Армагедон“, „Запознај ги родителите“, „Полноќ во Париз“ и многу други.