Аца Лукас се смири со Соња

Фолк-пејачот Аца Лукас во едно скорешно интервју открил дека веќе не е скаран со поранешната жена Соња Вукашиновиќ.

„Соња и јас се смиривме! Ако бевме во некоја кавга како двајца луѓе, сега сме смирени. Но како маж и жена не сме смирени. Едноставно, нашите патишта се разминаа. Ние сега сме во супер односи, најмногу поради детето“, рекол пејачот.

Соња и Лукас се разделија минатото лето. Бидејќи пејачот физички ја нападнал, бил осуден на десет месеци условен затвор, ако во следните три години го повтори делото.

Scroll to Top