Еди Марфи ќе се жени

Популарниот актер Еди Марфи тајно се вери со неговата девојка Пејџ Бачер, пренесуваат американските медиуми. Тој ја побарал за жена неколку недели откако открија дека ќе станат родители. Ова ќе биде десетто дете на глумецот. Откако во медиумите беше објавена слика на која Пејџ носи дијамантски прстен, 57-годишниот актер ја потврди веридбата.

Славниот комичар и неговата свршеница веќе имаат ќерка Изи Она, родена во мај 2016 година. Тие се во врска шест години, но во јавноста не откриваат ништо за својот приватен живот.

На Марфи ова ќе му биде втор брак. Тој претходно 22 години беше женет со Никол Марфи. Со неа има пет деца. Глумецот има и 29-годишен син со Паула Мекнели, син со Тамара Худ и 11-годишна ќерка со пејачката Мелани Браун, позната како Мел Би од „Спајс грлс“.

Scroll to Top