Во соблекувалната ќе слават со шампањ кога Мурињо ќе добие отказ

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, иритирани од коментарите на португалскиот стратег Жозе Мурињо по ремито со Валенсија во Лига на шампиони, најавија дека ќе слават со шампањ во соблекувалната по отказот што се очекува да го добие Португалецот од челниците на клубот.

Португалецот изјавил дека ова е максимум што може да направи со овие лимитирани играчи.

Со новиот неуспех, „Црвените ѓаволи“ врзаа четири меча по ред без победа и го имаат најлошиот влез во првенството по 1989 година, кога во Лига купот беа исфрлени од второлигаш.

„Минатата сезона беше феноменална. Првенството го завршивме на втората позиција и стигнавме до финалето во ФА Купот. Го подигнавме нивото на нашата игра и интензитет, и покрај фактот што немаме играчи со таков интензитет. Сè што постигнав со овие лимитирани играчи е моја заслуга, а повеќе од тоа не можам“, изјави Мурињо.

Португалецот од поодамна си го даде себеси надимакот „Специјалниот“. Но, веќе со години наназад многумина во соблекувалната на тоа го надоврзале и зборот „случај“, затоа што некогашниот трофеен и успешен тренер не ја изгуби само вештината на освојување пехари туку и компасот на дејствување и односот што  треба да го има со фудбалерите во соблекувалната.

 

 

Scroll to Top