Ана и Раста ја злоупотребуваат ќерката, пишуваат српските медиуми

Познатиот репер Стефан Ѓуриѓиќ -Раста, сопруг на пејачката Ана Николиќ, често споделува фотографии од својата  ќерка Тара со различен имиџ и аксесоари на себе.

Во медиумите најголема драма имаше кога тој објави слика на која  шестмесечната Тара носеше  накит „Версаче“ на себе.

А овој пат пејачот објави слика поради која го критикуваа во медиумите. Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ ѝ донеле подарок на Тара од Јамајка, капа со суканици. „Сега и јас имам суканици“, напиша пејачот под фотографијата од детето. И овој пат раперот доби критики дека е срамно тоа што го прави со детето и дека на овој начин ја злупотребува ќерката Тара.

Scroll to Top