(Фото) Сани ја покажа помалата ќерка Ева

Фолк-пејачката Сани Гроздановска објави фотографија со својата помала ќерка Ева, која ја доби од бракот со Мартин. Сани по породувањето за медиумите изјави дека брзо се вратила во топ-форма благорадение на здравата исхрана и вежбите во вежбалница.

Претходно пејачката на социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата постара ќерка Викторија, која ја има од првиот брак.

„Мојата поддршка, мојата другарка, мојата среќа, мојата душа и срце, моето сè. Мојот свет денес полни 9 години. Среќен роденден кукло мајкина, да си жива и здрава!“, напиша Сани под  фотографија што ја објави на својот фејсбук-профил.

 

Scroll to Top