Јелена Карлеуша ги израдува фановите откако објави слика со познатиот текстописец Марина Туцаковиќ, која изминатава година водеше битка со ракот. „Марина се враќа“ напиша Карлеуша, и ги потсети обожавателите на времето кога двете соработуваа и речиси сите песни им беа хитови. Марина ретко се појавува во медиумите откако дозна дека има рак на градата, но таа изјави дека сега е добра но и дека лекувањето продолжува.