Иако оваа година ги потпиша документите за развод од Ана Севиќ, српскиот пејач Дарко Лазиќ ќе се жени со неговата девојка Марина Гагиќ, со која неколку месеци е во врска.
„Многу сум среќен и не можам да кријам колку сум заљубен во Марина. За брак со нејзе размислувам се повеќе, само чекам малку се` да помине, не треба да се брза. Сепак, да. Планирама скоро повторно да се женам и тоа Марина го знае“, вели Лазиќ и додава:
„Едвај чекам да ми роди син. Многу сакам деца и сега кога велам син се шегувам, но едвај чека повторно да станам татко и не е важно дали ќе биде момче или девојче“.