Пејачката Лепа Брена веќе 35 години e на сцената. Нејзината популарноста никако да педне. Таа јавно прозборела за своите стравови во животот. И денес, вели, неможе да се соземе кога ќе се сети на деновите кога пред 18 години и го киднапираа синот Стефан.
„Мислам дека ги доживеав сите мои стравови тогаш кога требаше. Мојата прва тема датира од петто одделение во основно училиште, кога морав да пеам и умирав од страв. Со првата победа, моите стравови исчезнаа. Имено, јас сум жена која го помина распадот на Југославија и киднапирањето на моето дете, но после тоа не се плашам од ништо повеќе. Имав две многу сериозни тромбози, така што не би сакала повеќе да зборувам за тие работ. Јас сум одговорна да ги правам луѓето среќни и да ги радувам со некои убави вести, така што за стравовите несакам да зборувам.“, рекала Лепа Брена за српскиот „Курир“.
Пред 18 години, за потсетување, пет дена беше киднапиран нејзиниот син, а киднаперите од нејзе побарале 2,5 милиони марки за повторно да и го вратат.