Познато е дека кралското семејство патува низ целиот свет и на повеќето местa отседува на луксузни места. Но, дел од тие места не се далеку од очите на јавноста, а некои од нив имаат цени кои можат да си ги дозволат и оние со не толку длабок џеб.
Бритиш колонијал Хилтон, Насау
Пред шест години принцот Хари престојуваше во еден од луксузните хотели на Хилтон, а во јавноста се зборува дека принцот е голем обожавател на храната која ова место ја нуди. Овој хотел има четири ѕвездички и е сместен на Бахамите, а цената на апартманот се движи од 160 до 450 долари.
„Беверли хилс хотелот“
Овој хотел е сместен во Лос Анџелес во Калифорнија. Ноќевањето во овој хотел со пет ѕвездички чини 463 долари, но ако е во прашање претседателски апартман, тогаш цената е поголема. Кога во 2011 година за прв пат принцот Вилијам и Кејт Мидлтон беа на турнеја низ Америка, тие престојувале токму на ова место. Со нив на ова место ноќеваа и принцезата Маргарета и нејзиниот сопруг Алберт II од Монако.
„Лиангоед Хол“
Хотелот има четири ѕвездички и е сместен во Велс. Секоја година, принцот Чарлс (69) го посетува ова место за да се опушти. Ноќевањето во обичните соби чини 230 долари, а во главните апартмани цената се движи околу 460 долари.
„Блу Ватерс“
Цената на едно ноќевање на ова место Антигва се движи од 400 до 2000 долари. Пред две години принцот Хари престојувал во тој хотел за време на својата турнеја на Карибите. Ова одмаралиште е едно од најдрагите на кралското семејство.
„Суџан Раџмахал Палас“
Членовите на кралското семејство ја посетувале и Индија. Еден од овдешните апартмани во овој хотел, кој се наоѓа во Јаипур, ја нарекле по кралицата Елизабета која таму престојувала во текот на своите поесети на оваа држава во 1961 година. Цената на едно ноќевање изнесува околу 1318 долари, а апартманот има 140 квадратни метри. Се состои од двекреветни соби, две купатила, гардероби, соба за состаноци и трпезарија.
„Дрејк хотелот“
Сместен е во Чикаго, а принцезата Дајана престојуала во него за време на посетата на САД во 1996 година. Апартманот од тогаш бил преуреден според нејзините желби. Потоа изгледот на собата не се менувал. Најголемата цена во тој хотел изнесува 300 долари.
„Матакаури Лоџ“
Овој хотел е со пет ѕвездички и се наоѓа во Нов Зеланд. Ноќевањето тука чини околу 455 долари, но ако гостите сакаат „кралска соба“ ќе мора да издвојат 9500 долари. Сопружниците принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, со синот принцот Џорџ престојувале на ова место пред четири години, кога имаа турнеја во Австралија и Нов Зеланд. Имаа и приватен балкон и џакузи.
„Фермонт Ројал Јорк“
Наевтината соба во овој хотел во Канада ретко кога паѓа под 200 долари. Кралскиот апартман чини дури 770 долари за едно ноќевање. Тука престојувала кралицата Елизабета II, со неколку членови на кралското семејство, вклучувајќи ја и нејзината мајка, татко, принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.
„Фермонт Емпрес“
Во дворецот кој се наоѓа во канадската покраина Британска Колумбија, најевтино ноќевање чини 260 долари, а цената на најголемиот апартман стигнува до 7356 долари. Голем број на членови на кралското семејство престојувале тука. Кралицата Елизабета II е толку голем фан на овој хотел, што дури има и свој посебен порцелан кој се користи исклучиво кога таа ќе стигне таму. Принцот Чарлс престојувал во просториите на хотелот со двете свои сопруги, а принцезата Дајана била голем фан на еден од нивните чаеви.
„Монтпелиер плантажата и Бич хотел“
Откако принцот Чарлс се развел од Дајана, заминал на одмор во овој хотел на Свети Кристофер. Цената на собите на ова место кога е шпицот, се движат од 455 долари до 1380 долари. Цените им се пониски во перидоот од декември до почетокот на април.
Голем е изборот на хотели кои членовите на кралското семејство стигнале да ги посетат. Освен наведените, тие престојувале во разни хотели во Њујорк, Рим, Калифорнија, Мемфис, Бахамите, Кенија, Швајцарија, Австрија, Јамајка, Франција, Германија, Флорида и на многу други места.