Внуката на британската кралица Елизабета, принцезата Јуџин, денеска ќе се венча во замокот Виндзор за Џек Бруксбанк.
Јуџин и Бруксбанк се веќе во долгогодишна врска, а ова ќе биде втора венчавка во кралското семејство оваа година, откако претходно во мај се венчаа принцот Хари и Меган Маркл.
This is the early morning scene in Windsor, England, where the #RoyalWedding of Princess Eugenie and Jack Brooksbank will take place later today. https://t.co/fO4EtGaUKP pic.twitter.com/c4T1GRQcNl
— ABC News (@ABC) October 12, 2018
Принцезата Јуџин (28) е втора ќерка на третото дете на кралицата Елизабета, принцот Ендрју, кој е во брак со војвотката од Јорк, Сара Фергусон. Јуџин во моментов е деветта во редот за британскиот трон.
Princess Eugenie and Jack Brooksbank describe the first moment they met ahead of their wedding tomorrow, in this exclusive clip from an interview with @thismorning presenters @RuthieeL and @EamonnHolmes pic.twitter.com/sDz2qTOWnn
— The Royal Family (@RoyalFamily) October 11, 2018
Како и својата постара сестра, принцезата Беатрис, ниту Јуџин не ги извршува официјалните кралски должности. Таа работи како директор на една уметничка галерија во Лондон.
Со Бруксбанк се запознале во еден ресторан каде работел како конобар. Сега работи како застапник на брендот „Казамига“ текила кој ја покрена актерот Џорџ Клуни.