Нова венчавка во кралското семејство

Внуката на британската кралица Елизабета, принцезата Јуџин, денеска ќе се венча во замокот Виндзор за Џек Бруксбанк.

Јуџин и Бруксбанк се веќе во долгогодишна врска, а ова ќе биде втора венчавка во кралското семејство оваа година, откако претходно во мај се венчаа принцот Хари и Меган Маркл.

Принцезата Јуџин (28) е втора ќерка на третото дете на кралицата Елизабета, принцот Ендрју, кој е во брак со војвотката од Јорк, Сара Фергусон. Јуџин во моментов е деветта во редот за британскиот трон.

Како и својата постара сестра, принцезата Беатрис, ниту Јуџин не ги извршува официјалните кралски должности. Таа работи како директор на една уметничка галерија во Лондон.

Со Бруксбанк се запознале во еден ресторан каде работел како конобар. Сега работи како застапник на брендот „Казамига“ текила кој ја покрена актерот Џорџ Клуни.

Scroll to Top