Популарната серија „Сенки над Балканот“ на Драган Бјелогрлиќ, освои седум награди „Златна антена“ на Фестивалот за домашни играни серии во Србија – ФЕДИС. Серијата освои награди за најдобра и најгледана серија, најдобра режија, костими, фотографија и музика. Глумицата Милица Гојковиќ ја доби наградата за најдобра женска епизодна улога. Серијата „Сенки над Балканот“ е српска криминалистичка серија која минатата година се прикажуваше и кај нас. Втората сезона од серијата е снимена и ќе се прикажува догодина.
Јана Милиќ и Зоран Пајиќ добија награда за најпопуларна актерска двојка за серијата „Вистини и лаги“. Глумицата Мира Бањац доби награда за севкупен придонес во српската тв-продукција.