„Сенки над Балканот“ со седум награди на фестивал во Србија

Популарната серија „Сенки над Балканот“ на Драган Бјелогрлиќ, освои седум награди „Златна антена“ на Фестивалот за домашни играни серии во Србија – ФЕДИС. Серијата освои награди за најдобра и најгледана серија, најдобра режија, костими, фотографија и музика. Глумицата Милица Гојковиќ ја доби наградата за најдобра женска епизодна улога. Серијата „Сенки над Балканот“ е српска криминалистичка серија која минатата година се прикажуваше и кај нас. Втората сезона од серијата е снимена и ќе се прикажува догодина.

Јана Милиќ и Зоран Пајиќ добија награда за најпопуларна актерска двојка за серијата „Вистини и лаги“. Глумицата Мира Бањац доби награда за севкупен придонес во српската тв-продукција.

Зоран Пајиќ и Јана Милиќ од „Вистини и лаги“
Scroll to Top