Пејачот Роби Вилијамс присуствуваше на венчавката на принцезата Јуџин, при што беше во друштво на сопругата Ајда Филд и нејзината мајка Гвен. Музичката ѕвезда, неговата сопруга, беа елегантно облечени за овој настан, но со еден потег на настанот, пејачот успеа да ги испровоцира голем број од неговите фанови на Твитер.
Силниот ветер кој го однесе шеширот на мајката на неговата сопруга, не беше причина за да Роби се пушти во потера. Напротив на чудење за многумина, пејачот мирно застана во место.
„Колку е патетичен. вакво нешто мојот сопруг никогаш не би направил. Роби не е џентлмен. Кутрата негова сопруга. Само гледаше како шеширот го носи ветерот. Веројатно се плашеше да не си ја расипе фризурата“, беа само некои од коментарите на Твитер.
Poor form @robbiewilliams! Why weren’t you running after that hat? 🤦🏻♂️ #RoyalWedding pic.twitter.com/n24uCqVK4g
— news.com.au (@newscomauHQ) October 12, 2018