Ако се чувствувате уморни, наместо кафе, испијте чаша цеден сок од портокал. Научните велат дека сокот од портокал е на прво место за да ги зголемите вниманието и концентрацијата. Неговиот ефект трае со часови. Резултатите од едно истражување покажале дека луѓето кои пијат сок од портокал за појадок остануваат будни и концентрирани подолго време.
Ефектот на сокот од портокал се должи на флавоноидите, кои се содржат во цитрусовите сокови. Тие го подобруваат протокот на крв во мозокот и го олеснуваат преминувањето на информации помеѓу мозочните клетки.