Македонскиот џез-музичар Владимир Четкар ја одведе својата баба Ристана на кафе и сладолед во охридската чаршија, па сподели заедничка слика на социјалните мрежи. Пријателите го пофалија и му искоментираа дека двајцата изгледаат прекрасно. Неговата баба пред неколку месеци наполни 85 години. Тогаш семејството на Четкар го прослави нејзиниот роденден со семеен ручек.
На прославата на роденденот Четкар за „Репортер“ рече дека на прославата единствено недостигал брат му Васко со семејството, оти тие веќе две години живеат во Америка.