Поминаа само неколку дена откако Лејди Гага откри дека е свршена со Кристијан Карино. Парот е заедно од март 2017 година, а во изминативе месеци музичката ѕвезда беше забележана со масивен розов прстен.
Новиот свршенички прстен на Лејди Гага е составен од еден розов, редок сафир опколен со уште неколку поситни дијаманти, сличен на оној што Кејт Мидлтон го наследи од принцезата Дајана.
Розовиот сафир на Лејди Гага е 7-каратен, додека оној на Кејт е 12 карати.
Претходниот свршенички прстен на Лејди Гага беше во форма на срце од дијамант, изработен од Lorraine Schwartz, кој чинеше околу 400 000 долари.