Познатата водителка Сузана Манчиќ во 2004 година позираше за списанието „Плејбој“. За српските медиуми таа раскажала дека тоа било неповторливо искуство, затоа што тоа биле нејзините најдобри години. „Поминаа речиси 15 години од сликањето за ‘Плејбој’“. Дома го чувам тој примерок и се гордеам со него, а и многу често го прелистувам за да се потсетам колку добро изгледав во тој момент. Тоа беа моите најдобри години. Тогаш изгледав моќно и како жена и како професионалец. Се гордеам на мојата храброст“, изјави Сузана за „Телеграф“.
Таа рече и дека тогаш не се фотографирала за да стане популарна туку сакала да види како изгледа. На прашањето дали повторно би се сликала, вели : „Би сакала, но сега сум омажена жена“.