Брза диета со јаболка

Со диетата со јаболка ќе ги намалите килограмите без гладување. Се состои од четири оброци дневно и суштината е пред секој оброк да изедете јаболко. Во менито треба да имате младо сирење, немасен јогурт, јајца, пилешко или мисиркино месо, телешко месо, риба, интегрален ориз, овес, брокула, морков, блитва, спанаќ, зелена салата, домати, свежо и суво овошје.

За време на диетата треба да избегнувате слатки, но може да каснете малку темно чоколадо или рака ореви. Дневното мени треба да содржи и малку јаглехидрати и протеини.

Пример за дневно мени:

Појадок
Јаболко (пред јадење)
Омлет од едно јајце и две лажици овесни житни зрна прелиени со обезмаслено млеко

Ужина
100 гр младо сирење или чаша јогурт со помал процент масти

Ручек
јаболко
150 гр печено пилешко, телешко или мисиркино месо или риба
100 гр варен зеленчук (брокула, морков, или спанаќ)
2 раце интегрален ориз

Ужина
порција овошје или варен зеленчук по ваш избор
чаша јогурт

Вечера
јаболко
200 гр риба на скара
порција зелена салата (или два домата) зачинети со сол и 1/2 лажичка маслиново масло

Scroll to Top