Активниот црн јаглен е одличен прочистувач на телото. Неговиот негативен јонски набој ги привлекува позитивните јонски честички, ги врзува за себе и потоа заедно со своите честички ги исфрла надвор од телото со што го прочистува. Црниот јаглен помага во лечење на многу болести на цревата, вклучувајќи го и дебелото црево. Ја отстранува надуеноста, гасовите и елиминирање на непријатниот мирис предизвикан од лошото варење на храната. Тој помага и за многу желудочни проблеми.
Овој црн прав ги заробува токсините во својата структура и ги отфрла од нашето тело низ дебелото црево. Се употребува и за намалување на болките во стомакот и за симптомите на стомачен вирус.
Тој се смета и за безопасно средство за белење на забите. Се користи едноставно, како сода бикарбона, со таа разлика што оваа метода не предизвикува оштетување на забите. Миењето на забите со активен јаглен го отстранува и лошиот здив.