Поради спуштање влажна и студена воздушна маса од север, од денес претпладне времето ќе биде променливо облачно и постудено. Се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за снег. Пообилни врнежите ќе бидат во ноќта кон понеделникот и в понеделник во текот на денот, соопшти УХМР.
Повремено ќе дува засилен северен ветер. Дневните температури ќе опаднат за 8 до 10 степени, а утринските ќе паднат и под нулата.