Палтото на Меган Маркл се распродаде за еден ден

Сивото карирано палто што Меган Маркл го носеше пред неколку дена во Австралија, се распродаде за еден ден. Палтото е од модната колекција на нејзината пријателка Серена Вилијамс, а чини 145 долари и веќе го нема на залиха на официјалната страница на модниот бренд на тенисерката. Војвотката патото го комбинираше со бела кошула, тесни црни фармерки и чизми на потпетицi. Тоа е истото палто што Меган го носеше кога му држеше чадор на принцот Хари, да не накисне додека држи говор.

 

 

Меган и Хари веќе една недела се во официјална посета на Австралија. Пред да пристигнат објавија дека ќе станат родители, па во Австралија ги добија и првите подароци за бебето. Двојката го привлекува вниманието на јавноста со секое појавување, а освен за местата што ги посетиле и луѓето со кои се сретнале во Австралија, медиумите секојдневно пишуваат и за стилот на војвотката од Сасекс.

Меган и Хари ќе останат во Австралија две недели.

 

Scroll to Top