(Фото) Памела Андерсон се повреди во Париз

Некогашната светска секс-бомба Памела Андерсон, се здобила со тешки повреди на левата нога, за време на снимањето на емисијата „Танц до сништата“, која се снима во Франција.

Андерсон од папараците била снимена како излегува од болница во Париз на патериц, а лекарите и констатирале сериозни повреди на левата нога.

Памела важеше за вистинска секс бомба и една од најатрактивните дами на светската јавна сцена. Со нејзината фигура и заносни облини, каде и да се појавела, таа мамела воздишки. Сите ја паметат по жешките сцени од популарната серија „Чувари на плажата“.

Освен тоа Памела била позната и како Плејбој зајчица и многупати ја красела насловната страница на машкиот магазин „Плејбој“.

Но, многумина сега и замеруваат дека се однесува како да има двојно помалку години и ја предупредуваат дека треба да внимава со своето однесување и дека не е во така добра форма како некогаш.

 

 

Scroll to Top