Карлеуша ѝ ласка на Беквалац

Јелена Карлеуша ја пофали јавно преку социјалните мрежи својат колешка Наташа Беквалац, за новата улога во натпреварот за деца „Пинкови ѕвездички“.

„Ако некој треба да седи во жирито, тогаш тоа е Наташа Беквалац. Таа е ѕвезда со долга кариера и дете од фестивалски натпревар и мајка. Браво“, напишала Карлеуша на својот твитер-профил.

Српската пејачка застана на страна на Беквалац, која неодамна мина низ семејна драма. Карлеуша, како и секогаш, во коментарите е отворена, а овој пат не штедеше пофални коментари за Наташа.

 

Scroll to Top