(Видео) Фудбалерот Дарко Глишиќ стана модел

Фудбалерот Дарко Глишиќ сними реклама за моден бренд за машка облека. Тој и претходно работел како модел, снимал модни едиторијали, а за „Репортер“ откри дека сега првпат снимил реклама. Дарко раскажа дека снимањето траело долго, но дека уживал цело време со новата улога на модел.

„Беше интересно. И многу лесно. Сите во екипата беа професионалци и позитивни луѓе, па тоа ја направи атмосферата уште поопуштена и позабавна. Додека снимавме, во позадина одеше латино музика, па од време на време ем си снимаш ем си играш“, ни рече Дарко.

Глишиќ ја следи модата и повеќе сака урбан и класичен отколку спортски стил на облекување. За себе вели дека не е од оние спортисти што никогаш не излегуваат од тренерки.

„Тренерки носам само кога одам на тренинг. Никогаш не сум сакал да се шетам низ град во тренерки, повеќе сум за класичен или урбан стил,“ рече тој.

Дарко е поранешен фудбалер на „Вардар“, а во моментов игра за клубот „Септември Софија“ од Бугарија.

„Веќе еден месец сум тука. Се вклопив без проблем, а другите фудбалери добро ме прифатија. Ми годи промената што ја направив“, додаде тој.

(А.Ј)

https://www.instagram.com/p/BpH5_3qgIoD/?hl=en&taken-by=glisicdarko

Scroll to Top