Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо ја продава куќата во Лос Анџелес што ја купил пред 20 години со парите што ги заработил од снимањето на филмот „Титаник“. Тој куќата во шпански стил ја платил 769.500 евра, а сега ја продава за 1,75 милиони долари, што е трипати поскапо.
Куќата има четири спални соби, три купатила, мини кино сала и базен. Се наоѓа на езерото Силвер Лејк во околината на Лос Анџелес. Ова е една од трите куќи што Леонардо ги поседува во Америка, а има имот и во Европа.