Пејачката помина две недели во Индија со својот дечко. Двајцата го посетиле резерватот за тигри Рантамбор, градовите Џејпур, Џодпур, како и егзотичните држави Гоа и Керала. „Патување што го планиравме многу време. Толку сум среќна што успеавме да го организираме. Целосно се исклучивме и бевме освоени од магичната култура, храна и традиции. Редовните јога сесии во 5 наутро ме подготвија да се вратам на работа со полни сили“, напиша Дуа Липа.
Пејачката раскажа и како при посета на храмот„Ганеш“ во Џејпур локална жена и помогнала, откако и покажала како да стави „сари“, пред да влезе. Ѕвездата и нејзиниот дечко учествувале во ритуал и оставиле подароци на боговите.