Овен
Бидете подготвени за тешкотии. Ќе ги надминете само ако ги искористите потенцијалните можности. Размислете објективно за ситуацијата во која се наоѓате и не се обидувајте да направите повеќе од она што сте способни.
Бик
Анализирајте ги апсолутно сите достапни податоци пред да донесете било какво одлука. Пожелно е да не донесувате одлука индивидуално, туку да се координирате и работите тимски.
Близнаци
Расположението ви е прекрасно и денес ќе бидете многу комуникативни, но во исто време ќе бидете и невнимателни. Воздржете се од непотребни приказни со кои можете да ги покажете вашите слаби страни и да си создадете потенцијални непријатели.
Рак
Или ќе добиете дополнителни приходи или ќе направите добра соработка, која подоцна ќе ви донесе дополнителни приходи. И двете варијанти се еднакво добри за вас, но добро да не заборавите до каде е границата за да бидете спокојни.
Лав
Едвај ќе ви остане време да ви биде досадно. Но и едвај ќе ви остане време да се одморите. Бидете благодарани ако ви остане време да се напиете чаша од вашиот омилен пијалок со вашите пријатели. Ќе ја оставарите одамна посакуваната деловна цел.
Девица
Речиси во текот на целиот ден ќе треба да се занимавате со решавање на домашни или семејни проблеми. Конфликтите ќе бидат помеѓу вашите најблиски па сакале или не, и вие ќе бидете вклучени во нив. Тешко дека ќе остане смирени, барем обидете се да ги средите работите.
Вага
Енергетското ниво ви е стабилно, но вие сте неразумни, непредвидливи и не сте склони на анализирање на логиката на настаните. Вашата самодоверба моментално се граничи со суетата и поради тоа можете да претрпите финансиска загуба.
Скорпија
Обидете се да ги завршите вашите важни обврски до ручек. Како што ќе минува денот така вашата енергија ќе опаѓа, а настаните ќе бидат променливи при што може да дојде до промена на вашите првични планови. Прифатете ја состојбата мирно.
Стрелец
Тензиите ви се намалуваат, но и спротивставените сили ви се намалуваат. Бидете претпазливи, внимавајте што зборувате. Непријателите можат да ве вклучат во големи проблеми поради двосмисленоста на тоа што го кажувате.
Јарец
Ќе имате можност да ги импресионирате своите соговорници со некаков свој личен талент, но ситуацијата ќе биде двонасочна. Од една страна, може да се покаже како нешто привремено и наскоро да предизвика разочарување кај луѓето кои ве подржуваат. Од друга страна, оние што се против вас ќе се обидат на секој можен начин да ве нападнат.
Водолија
Следете ги правилата. Денот може да ви започне со неколку вида на проблеми поврзани со поранешни грешки или некое занемарување на правилата. Дејствувајте разумно и не размислувајте за проблемите, внимавајте на постапките.
Риби
Денешниот ден ќе ви биде исполнет со контроверзни настани. Нешто што сте го сметале за позитивно ќе се покаже проблематично и сосема обратно. Намалете го темпото, не се преморувајте во никој случај.