Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловскаго го облече синот во костум на тиква за Ноќта на вештерките. Фотографијата со петмесечниот Петар, сликан меѓу тиквите, ја сподели и на Инстаграм. Јанкуловска не ретко споделува семејни фотографии. Пред извесно време таа го сврте вниманието на социјалните мрежи откако сподели фотографија на која нејзиниот син беше облечен во дресот на „Ливерпул“, омилениот клуб на ексминистерката.