(Фото) Меган Маркл ги оперирала палците за да може да носи потпетици

Војвотката Меган Маркл ги оперирала стапалата за да може постојано да носи високи чевли, пишува The Sun. Откако Меган ги соблече чевлите и босонога прошета во Нов Зеланд на еден маорски обред, фотографите ги снимиле нејзините стапала и ги забележале лузните.

„Таа лузна е од операција што е многу болна. Потребни се три месеци за пациентите да можат повторно да носат потпетици“, вели хирургот Кумар Кунасингам.

Меган наводно ги оперирала палците уште во 2014 година, а нејзината агонија со болните нозе траела години пред операцијата. Холивудскиот живот ја принудил постојано да носи потпетици.

„За текот на операцијата потребно е да се мине низ неколку слоеви на ткивото и да се дојде до коската. Потоа треба коската да се скрши и да се фиксира“, вели доктор Кумар.

 

Scroll to Top