Во пожар изгоре вилата на Кејтлин Џенер

Во пожарите што деновиве горат во Малибу, Калифорнија, изгоре и вилата на Кејтлин Џенер, вредна 3,5 милиони долари. Таа вилата од 3.500 квадратни метри ја има од 2015 година. Заради пожарот од областа се евакуирани околу 200 илјади луѓе, а меѓу нив и Кејтлин и нејзината девојка.

По евакуацијата Кејтлин им испрати видео-порака на фановите.

„Ние сме на сигурно, во сигурна куќа. Не знам дали мојата куќата успеа да се извлече или не. Се е во воздух“, рече таа.

Кејтлин пред неколку години го смени полот и од Брус Џенер, стана жена. Во јавноста Брус е познат како олимпиец, очув на Ким, Клои и Кортни Кардашијан, а татко на Кендал и Кејтлин Џенер.

Вчера во близина на Малибу беа евакуирани и Ким Кардашијан со семејството и глумицата Алиша Милано.

Ким Кардашјан и семејството итно евакуирани

 

Scroll to Top