Едно истражување спроведено на 122.000 лица кои трчале на подвижна лента, покажало дека постојаното седење е поштетно од цигарите, дијабетесот, дури и од срцевите болести.
„Лошата телесна форма, слабите резултати од лентата за трчање и другите вежби, во однос на смртта се позагрижувачки и од високиот крвен притисок и од пушењето. Лекот за тоа е вежбањето“, рекол д-р Ваел Џабер.
Тој додал дека вежбањето е полезно за луѓе од сите возрасти, и за мажите и за жените.
„Срцевите заболувања и дијабетисот се најскапи за лекување во САД и чинат над 200 милиони долари годишно. Наместо да плаќаме толкави износи за тоа, треба граѓаните да се поттикнат на вежбање“, смета д-р Џабер.