Марио Хвала, фризер од Нови Сад, стана познат во цел свет откако на социјалните мрежи се појавија слики на кои се гледаат неговите „цртежи од коса“, како што ги нарекува. Тој на темето од главата на своите муштерии ги „шиша” портретите на познатите личности, спортисти, политичари, глумци, пејачи.
Во изминатите години Хвала ги „црташе“ портетите на Диего Марадона, Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Конор Мекгрегор, Никола Тесла, Новак Ѓоковиќ, Владимир Путин и други.