Српската водителка и манекенка Марија Ќурчиќ се самоуби вечра во својот дом. Таа се обесила, а безживотното тело го нашле нејзините родители, откако не одговарала цел ден на повиците. Иако се уште нема потврдени информации за причината на самоубиството, српските медиуми денес пишуваат дека наводно причината за ова се љубовни проблеми.
Неодамна таа ја раскинала долгогодишната врската со момчето, а бидејќи тоа тешко го поднела, се претпоставува дека тоа е причината за да се самобие. Неколку дена пред да се обеси, таа снимаше реклама со Роналдињо.