Главниот дизајнер на „Ејпл“ креираше дијамантски прстен 

Главниот дизајнер Џони Ајв во соработка со колегата Марк Њусон креираше прстен што е изработен од еден блок дијаманти.

Џони Ајв е британски индустриски дизајнер кој ги дизајнираше iPad, iPhone, iPod и MacBook. Прстенот кој сега го креирал воопшто не изгледа како другите класични прстени.

Прстенот со потпис на главниот дизајнер на „Ејпл“ има рамен врв и е направен од еден блок дијаманти. Дијамантскиот прстен на 5 декември ќе биде понуден на аукцијата Sothebys во Мајами, а се претпоставува дека би можел да достигне цена од 250.000 долари. Прстенот е креиран во соработка со иницијативата RED, чија цел е да се соберат финансиски средства за борба против HIV/AIDS во осум африкански земји.

Scroll to Top