Распродадени билетите за концертот на Ацо Пејовиќ

Српскиот фолк-пејач Ацо Пејовиќ ги распродаде билетите за концертот што треба да се одржи во белградската сала „Арена“ на 22 ноември. Организаторите велат дека интересот за овој спектакл од ден во ден станува сè поголем.

Поради тоа пејачот и неговиот тим се решени да направат уште еден концерт. Терминот за вториот концерт е закажан за 17 декември, а продажбата на билетите почнува веќе од утре.

„Фала Србија, фала Белград на оваа љубов. Пресреќен сум. Како и сите овие години досега подготвен сум да возвратам со љубов, убава емоција и прекрасни песни. Фала ви вам и добредојдени сте сите“, изјавил Пејовиќ во своето соопштение.

 

Scroll to Top