Мапа која ги покажува најопасните места во светот

Интерактивната „Мапа на ризични земји за патување“, направена за 2019 година ги открива земјите во кои патниците најверојатно ќе имаат проблем кога е во прашање безбедноста на патиштата, општата безбедност и медицинските проблеми.

Најопасните места на планетата според оваа мапа се Либија, Авганистан и Сомалија. Скандинавските земји како Финска, Норвешка и Исланд се означени како најбезбедни места на мапата.

Мапата ја направиле експерти од областа на медицината, безбедноста, контролата на ризик и интернационалниот СОС. Либија, Авганистан, Сомалија и Сирија во секоја од трите категории по кои државите се рангираат, се означени како најопасни.

Кога станува збор за здравејто, земјите со најголем ризик да фатите некоја болест, се африканските земји Јужен Судан, Нигер, Брегот на слоновата коска и Сиера Леоне.

Кога се работи за здравјето, Ирак исто така е означен како земја од висок ризик, заедно со Либан, Венецуела и Северна Кореја.

Наспроти овие места, земјите со низок ризик од заболување се сметаат најголемиот број на земји во Европа, Канада, САД, Нов Зеланд и Јапонија.

Бразил, Кина и Русија се сметаат за земји кои имаат брз развој на варијабилен ризик, кога станува збор за здравјето.

Во поглед на безбедноста најризичните подрачје се наоѓаат во Авганистан, Сирија, Јемен, Либија, Сомалија, Јужен Судан и Мали.

Дури и популарните дестинации за одмор како што се Мексико, делови од Карибите и делови од Индија се означени како високо ризични за безбедноста на луѓето.

Спротивно на нив, местата каде безбедносните ризици се сметаат за занемарливи се наоѓаат во Данска, Швајцарија, Словенија, Исланд, Гренланд и Финска.

Доколку сакате одмор во кој поголемиот дел ќе го минете возејќи се по патиштата, треба да внимавате на некои дестинации во Африка, Бразил, Боливија, Саудиска Арабија, Иран и Казахстан.

Овие места се означени со најголем ризик на патиштата. Во оваа категорија САД е умерено рангиран.

Поголемиот дел од територијата на Европа е рангирана како со „многу низок“ или само „низок“ ризик, заедно со Јапонија, Австралија и Нов Зеланд.

Покрај мапата за патни ризици, исто така е утврдено дека 43% од деловните патници очекуваат зголемување на патниот ризик во 2019 година.

 

Scroll to Top