Кралицата Елизабета и принцот Филип прославија 71. годишнина брак

Британската кралица Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип, вчера прославија 71. годишнина брак. Ова претставува најдолгата брачна врска во Британската монархија пренесува „Дејли мејл“.

На свеченоста присуствуваа најблиските членови на кралското семејство. Годинава Елизабета и Филип станаа прабаба и прадедо на седумте правнуци и правнуки.

Годинава го добија принцот Луис од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кој се роди во април и Зара Тиндал, второто дете на Лена кое се роди во јуни.

Принцот и кралицата годинава исто така беа сведоци на две венчавки на нивните внуци. Во мај, принцот Хари се омажи за поранешната американска актерка Меган Маркл, а неколку месеци подоцна Принцезата Еугенија се омажи со нејзиното долгогодишно момче Џек Брусбенк.

По венчавките следуваше најава од кралската палата дека Меган Маркл е бремена и дека треба да се породи на пролет 2019 година. Кралицата Елизабета и Филип исто така неодамна беа дел од прославата на 70 роденден на нивниот син принцот Чарлс.

Принцезата Елизабет и Филип за прв пат се имаат сретнато во 1934 година за време на венчавката на принцезата Марина од Грција и Данска и принцот Џорџ, војводата од Кент. Двојката се заљубила пет години подоцна, на приватен состанок на кралскиот колеџ Навал во Дартмут, кога кралот Џорџ VI и кралицата Елизабета ги посетиле нивните две ќерки.

Принцот Филип ја забавувал неговата идна сопруга скокајќи по тениската мрежа. Официјалниот кралски биограф Сер Џон Виле Бенет напишал принцот Филип е човекот во кој кралицата Елизабета се заљубила уште на првиот состанок.

Веридбата официјално била направена на 9 јули 1947 година, а свадбата се случила неколку месеци подоцна на 20 ноември 1947 година.

Принцезата Елизабета во тоа врема, беше 10 член од кралското Семејство која се омажила во Вестминстерската палата.

Елизабет носела свила од слонова коска од Норман Хартнел која била украсена со 10.000 бисери, блескави кристали. Дизајнот за фустанот бил одобрен три месеци пред денот на венчавката.

Принцот Филил станал војвода од Единбург пред да се омажи. Пет години по нивниот брак, Елизабет станала кралица на Британија.

Заедно, двојката ги прославиле сите сребрени, златни и дијамантски јубилеи на кралицата и се соочиле со подемите и падовите на животот.

На нивната годишнина на 1997 година, кралицата му оддала впечатлива порака на нејзиниот сопруг, велејќи дека тој и бил силата низ сите овие поминати години и останува да и биде во иднина.

Филип ја искористил можноста да ја пофали кралицата за нејзиното изобилство на толеранција.

“Мислам дека главната лекција што ја научивме е дека толеранцијата е една од основните состојки на секој среќен брак”, изјавил Филип.

Минатата година кралицата Елизабета и Филип својата годишнина ја прославија заедно со семејството и околу 100 пријатели во замокот Виндзор.

H.M. The Queen and Prince Phillip passing through the Royal Gallery at the State opening of Parliament in London.
Picture David Parker 4.6.14
R405
Queen and Duke of Edinburgh
MoO.S. 30 May 1993

Scroll to Top