Холивудскиот глумец Џош Думел деновиве е сликан како се прегрнува со поранешната сопруга, пејачката Ферги. По ова светските медиуми напишаа дека двојката се смирила две години по разводот. Џош и Ферги се разведоа по осум години брак, од кој го имаат синот Аксел.
Во времето кога се разведуваа медиумите пишуваа дека Ферги сакала да ѝ се посвети на кариерата, а дека Џош сакал уште едно дете. По разводот Џош беше во врска со мексиканската актерка Елса Гонзалес.
Засега ни Ферги ни Џош не потврдуваат дека се смириле.