Традицијата на мерење со вага во кралското семејство, пред и по божиќната вечера, за прв пат е воведена од страна на кралот Едвард VII, кој бил опседнат со здравјето и се плашел дека луѓето не јадат доволно.
Сега кралската гозба се состои од три огромни јадења, па мерењето со вага се чини дека е непотребно. Сепак ова ќе биде прв Божиќ за војвотката Меган Маркл и нејзината мајка Дориа Рагланд, во британското кралско семејство, на кој двете ќе мора да се измерат на вага пред и по вечерата.
Тајната за мерењето ја откри Ингрид Сјуард (70) која е кралски експерт. Членовите на кралското семејство, за да ја измерат својата тежина користат античка вага. Досега цел век никој од кралското семејство не се осмелил да ја прекине оваа традиција, а Дориа смета дека можеби тоа ќе биде случај со Меган, која веќе шест месеци редовно ги кршки кралските правила.