Турската ѕвезда Бурак Оџевит на својот нероден син, веќе му осигура богатство од 300.000 евра. Парите синот ќе може да ги подигне откако ќе наполни 18 години.
Бурак го чека своето прво дете со сопругата Фахрие Евџан, која треба да се породи во април 2019 година. Актерот одлучен да заштеди за својот син на време, во банка отвори сметка, а истовремено на својата сопруга и забранил да вози додека е во блажена состојба.
Исто така Евџан одлучила и минимално да го користи мобилниот телефон, со цел да го избегне зрачењето. Брачната двојка својот приватен живот уште од самиот почеток на нивната врска го чуваат надвор од очите на јавноста, па така и за потврдата на бременоста, чекаа да мине одреден период.