Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ беше избран за маж и спортист на годината во изборот на CQ магазинот. Капитенот на Хрватска наградите ги прими на гала вечерта во Westin Palace хотелот во Мадрид.
Хрватот пристигнал во елегантно темно одело, заедно со неговата сопруга Вања, која беше облечена во долг сребрено-црн фустан.
Лука Модриќ наградата ја доби за фантастично одиграната 2018 година, во која со Хрватска освои сребрена медала на Светското првенство во Русија, а претходно со Реал Мадрид ја освои четвртата шампионска титула во Шпанија.
👏🏆 ¡@lukamodric10 recibió el Premio al Deportista del Año de la revista GQ! #HalaMadrid pic.twitter.com/iqP1WEi3ll
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) November 22, 2018
Модриќ во Русија беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот, а потоа славеше и во изборот на ФИФА и УЕФА за фудбалер на сезоната. Круна на годината за паметење би можела да биде „Златната топка“.
„France Football“ својата престижна награда ја доделува на 3 декември, а Лука Модриќ е еден од најголемите фаворити.
„Имаше фантастична година. Тој е навистина маж на годината и мислам дека ќе ја освои и „Златната топка“. Не гледам кој друг може да му се приближи на Лука. Многумина се надеваат на наградата, но „Златната топка“ има само едно име, а тоа е Лука Модриќ“, изјавил Предраг Мијатовиќ, поранешниот играч на Реал Мадрид и репрезентацијата на Југославија.