Актерката Лија Ремини, позната по улогата на Кери во серијата „Кралот на Квинс“, јавно проговори за медиумите, обвинувајќи го актерот Том Круз дека бил свесен за сите злоупотреби внатре во организацијата на Сциентолошката црква и навела дека тој бил дел од сето тоа.
Делувањето на холивудскиот актер Том Круз во Сциентолошката црква не престанува да ја интригира јавноста веќе со години. Не е тајна дека целиот свој живот тој го подредил на оваа црква, а повремено на виделина излегуваат шокирачки детали за неговиот статус кој го има внатре во оваа организација.
Таа и самата била членка на Сциентолошката црква се до 2013 година, кога ја напуштила, а сега, пет години подоцна, одлучила да проговори за оваа организација.
Лија изјавила дека Круз кој е еден од најголемите рангирани членови во Сциентолошката црква, има специјален третман внатре во организацијата.
„Повеќето сциентолозите се жртви. Тоа го знам затоа што и јас бев дел од тоа уверување. Но, во случајот со Том тоа е целосна друга приказна. Тој е многу свесен за сите злоупотреби кои се случуваат во сциентологијата. Тој е дел од сето тоа“, изјавила актерката.
„На сциентолозите им е кажано дека Круз самостојно го спасува светот, па внатре во црквата го сметаат за боженство. Го сметаат за спасител на слободниот свет. Круз не е во истата категорија како останатите членови на црквата, дури и кога го нарекуваат господин Круз“, објаснува Лија.
Актерката навела дека членовите на црквата секој пат се осигуруваат, Круз да не види ништо што се пишува во негативен контекст за Сциентолошката црква.
„Тие дури одат дотаму што се погрижуваат да не види никаков материјал кој негативно ја пишува Црквата, во моментите кога ќе откријат дека тој некаде ќе се појави“, пренесува The News.
Лија верува дека Круз, како и многумина во Сциентолошката црква, на почетокот бил невижна жртва во организацијата, но сега тој е запознаен со се што внатре се случува.