Потребни состојки:
100 грама маргарин
12 лажици шеќер
8 лажици мелени ореви
200 мл кисела вода
300 грама брашно
прашок за пециво
За филот
250 гр маргарин
150 грама шеќер во прав
150 гр посни мелени кекси
рендана кора од лимон
220 грама шеќер
100 мл вода
200 грама мелени ореви
200 грама посна чоколада
ќесичка посен шлаг
Начин на подготовка:
Со лажица изматете го шеќерот со стопениот маргарин, оревите, киселата вода, брашното и прашокот за пециво. Смесата претурете ја во плех обложен со хартија за печење, па печете во рерна на 180 степени околу 30 минути. Маргаринот пенесто изматете го со шеќерот во прав, додадете ги мелените бисквити и ренданата кора од лимон. Во друг сад загрејте го шеќерот со водата. Кога ќе се стопи шеќерот, додајте ги парчињата чоколада и мелените ореви, добро измешајте, изладете и соединете ја смесата со првата смеса. Доколку смесата е прегуста, дотурете малку кисела вода. Кората премачкајте ја со тенок слој од изматениот шлаг, филувајте, премачкајте со шлаг и украсете по желба.