Кралската биографка откри што ѝ напиша Чарлс на Дијана

Кралската биографка Пени Јуниор ја откри содржината на пораката што принцот Чарлс ѝ ја испратил на трагично загинатата принцеза Дијана ноќта пред кралската венчавка.

Неколку дена пред својата венчавка со принцот Чарлс во 1981 година, Дијана дознала дека тој ја изневерува со Камила. И покрај тоа, планираната венчавка се одржала. Пред свадбата тие биле одвоени кога принцот Чарлс ѝ пратил на Дијана емотивна порака.

 

„Неверојатно се гордеам со тебе и кога ќе дојдеш утре до олтарот – ќе бидам таму за тебе. Само погледни ги во очите и нека паднат во несвест“, ѝ напишал на Дијана во пораката што ја испратил во дворецот Кларенс хаус, каде што идната принцеза престојувала со сестра си Џејн.

 

Двајцата, иако спремале свадба, сепак се сомневале за тоа каков ќе биде нивниот заеднички живот. Иако му било јасно на Чарлс дека венчавката е голема грешка, сепак решил да ѝ даде поддршка на принцезата неколку дена пред свадбата.

Scroll to Top