Марина Гагиќ, бремената свршеница на Дарко Лазиќ, на социјалните мрежи ги објави првите фотографии од нив двајца по страшната несреќата што српскиот пејач ја доживеа пред еден месец.
Пејачот поради тешките повреди што ги доби при автомобилската несреќа сè уште се лекува во болницата во Земун во Белград. По операциите, пејачот е видно ослабен, но ведриот дух сè уште го нема напуштено.
Неговата свршеница Марина, која постојано е со него, неодамна откри дека е бремена и дека наскоро ќе станат родители со Дарко.